×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • РК Карпош триумфираше во тежок натпревар против Ангели

    11.12.2017 11:07 | KumanovoNews

    Машкиот ракометен клуб Карпош - Вардар забележа нова победа во Јуниор лигата против тимот на Ангели од Скопје со резултат 25-22.

    РК Карпош триумфираше во тежок натпревар против Ангели

    Кумановскиот состав ја забележа четвртата победа по ред, меѓутоа во споредба со минатите натпревари овој меч не одеше глатко и според очекувањата.

    Почетокот на натпреварот беше неизвесен бидејки тимот на Ангели неможеше да најде девет ракометари за да го одигра натпреварот. Дојдоа во мешан состав, некако го склопија тимот по што очигледно дојде до опуштање во нашите редови. Се испостави дека момчињата и девојчињата што го составија тимот на противникот се одлични ракометари. Во првото полувреме резултатот беше 11:9, а одбраната што е нашето најсилно оружје не функционираше воопшто. - изјави тренерот на тимот Миодраг Јовановски Црни.

    Тој потенцираше дека голманите не биле на висината на задачата меѓутоа на крај сепак успеале да забележат победа на овој меч.

    Голманите беа бледа сенка во однос на минатите натпревари. Имаа блесок во последните минути кога одбранија 3 удари, што беше доволно за победа. Сепак целиот овој развој на настаните претставува едно огромно искуство, од кое младите ракометари треба да извлечат поука и да не дозволат да им се повтори. Ова е одлична екипа која оваа сезона ја забележа четвртата победа по ред, а во изминатите две години во дваесетина натпревари доживеаа само два пораза, само во финалињата од првенствата - додаде Јовановски.