×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Роналдо е подобар од Меси

    25.12.2009 15:22 | KumanovoNews

    Во Мадрид се малку љубоморни на титулата на Барселона и Лео Меси. Според шпанскиот дневник „Марка“ кој направил споредба на двата играчи, победата за нијанса ја зема Кристијано Ронално. Инаку за „Марка“ постои приказна дека е близок со кралскиот клуб.

    Роналдо е подобар од Меси

    Колективна игра

    И двајцата играчи се чисти индивидуалци, и мислат повеќе на себе, отколку на тимот. Сепак играта на Барселона налага повеќе пасови и поголем посед на топката, па Меси често прима топка подалеку од голот, додека Роналдо често оди во соло продори.

    Индивидуална техника

    Речиси совршена кај двата играчи. Роналдо има чудна техника и секогаш кога ќе ја прими топката во состојба е да направи нешто необично. Имаат широк репертоар, ги користат и двете нозе додека Меси повеќе се потпира на левата страна. Роналдо често истакнува дека топката е дел од неговото тело.

    Физички атрибути

    Тука е и најголемата разлика помеѓу ним. Роналдо е вистинска атлета. Опседнат е со теретана и работи на зајакнување на мускулите редовно. Неговите нозе се подолги и појаки, и помалку е склон на повреди. Главен атрибут на Меси е ниското тежиште, и тука е и неговата сила. Има пократки нозе, па и почесто се повредува.

    Брзина

    Уште еднаш различни концепти. Кристијано е побрз на подолги дистанци, така да може да ја развие брзината до максимум. Меси е поснаодлив на помал простор, а во ширина од четири до пет метра прави чуда. Инаку со топката во нозете не се разликуваат многу. Двајцата се посебни.

    Дриблинг

    Аргентинецот е тука најак. Неговиот дриблинг е краток, чист, динамичен. Оди во страна а топката одлично ја контролира, и може да ја заштити со телото, кое го поставува помеѓу противникот и топката. Роналдо бара повеќе простор, а со брзината остварува повеќе простор пред ривалот. Топката е секогаш пред неговото стопало, а контактите долги. „Велосипен“ му е омилен дриблинг.

    Игра пред голот

    Роналдо е во предност. Шутира со двете нозе во трк, полна брзина речиси и на слепо. Во 2008 година беше најдобар стрелец во Европа со 42 гола. Меси секогаш бара лев профил, така да би упатил удар со левата нога, и тука е малку предвидлив, меѓутоа со промена на ритам и дриблинг, дефанзивците имаат проблем.

    Додавање

    Меси прави кратки пасови на мал простор. Има одличен преглед на играта и често ја дава топката во просторот пред голманот. Роналдо има долг пас.

    Игра со глава

    Португалецо во Англија има научено да ја користи главата како моќно оружје. Повисок е од Меси и тоа му овозможува појак скок. Топката ја удира силно и ја напаѓа. Меси е понизок но знае да постигне гол со глава, како во финалето на Лигата на шампиони против Манчестер.

    Лидерство

    Туку што стигна во Реал, Роналдо се наметна како лидер. Таа улога ја имаше и во Манчестер и во репрезентацијата на Португалија. Секогаш сака победа и многу е амбициозен. Меси е со поблаг темперамент, и повеќе се ориентира кон соработката и повеќе сака да разговара во соблекувалната отколку на терен.

    Прекини и пенали

    Слободните удари на Роналдо се надалеку чуени, има голема палета на различни удари. На белата точка е помалку сигурен, за разлика од Меси кој повеќе погодува. Во прекините Аргентинецот тежнее да ја пласира топката и секогаш наоѓа интересен агол.