500x100-1
01. 12. 2018 18:04

Се одржа шаховски турнир Столе Божиновски

Се одржа шаховски турнир Столе Божиновски

Здружението на армиски и полициски ветерани, организираше шаховски турнир во чест на нивниот поранешен член и колега, новинарот Столе Божиновски.

- Овој ден денеска го посветуваме на другарот Столе Божиновски, кој што навистина придонесе и за духовното соединување и едно мислење, меѓу сите нас со својот ведар дух, чесност и трудољубивост, денеска на некој начин да му се оддолжиме. Сите знаеме дека телото физички изумира меѓутоа духот лебдее меѓу сите нас и денеска ќе се потрудиме тој негов дух да го задржиме, да му возвратиме со еден шаховски турнир,- изјави Љупчо Спасовски, потпретседател на Здружение на армиски и полициски ветерани

 Турнирот во шах во спомен на Столе Божиновски ќе стане традиционален.