×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Србија нов шампион во кошарка за кумановци

    09.09.2010 14:32 | KumanovoNews

    Неколку дена пред завршувањето на Светското првенство во кошарка што се одржува во Турција, прашавме неколку наши познати сограѓани и спортски работници колку го следат шампионатот, кој е нивниот фаворит и што им оставило најголем впечаток во текот на првенството.

    Србија нов шампион во кошарка за кумановци

    Бошко Тасиќ, спортски новинар

    Следам многу кошарка бидејќи тоа е мојот најомилен спорт, нема дилема. Со голем интерес ги следам дуелите на Светското првенство во Турција. Наскоро е завршницата на шампионатот и задоволен сум од квалитетот на досега одиграните средби. Од самиот почеток на натпреварувањето мој фаворит е Србија, затоа што го имаат најдобриот тренер во моментот, а тоа е Душан Дуда Ивковиќ. Составот на репрезентацијата е од млади кошаркари, кои беа шампиони во скоро сите младински категориии предводени од најстарите Милош Теодосиќ и капитенот Ненад Крстиќ. Имаат тимски дух, атмосфера и сите се гладни за успех. Од поквалитените тука се Американците, како и домаќинот Турција. Помеѓу овие три селекции ќе се бара новиот шампион.

    Исто така и Аргентина може да изненади од сенка. Разочарување е Шпанија, која без Гасол и Калдерон неможеше повеќе и беше запрена од Србија.

    Нема некој посебен кошаркар кој ме импресионираше, затоа што се е сведено на тимската работа и скоро сите во репрезентациите го распределуваат учинокот. Можеби малку повеќе одскокнуваа Аргентинецот Скола, Шпанецот Наваро и Србинот Теодосиќ.

    Виктор Божиновски, претедател на КК „Куманово„

    Светското првенство во кошарка го следам интензивно и поради мојата нова функција претседател на КК „Куманово“. Од она што досега можеше да се види најдобра игра покажа репрентезацијата на Србија. Мои се фаворити за освојување на титулата се Србија и Америка. Натпреварот помеѓу Србија и Шпанија беше еден од наквалитетнит и највозбудливи, а херој на мечот беше Милош Теодосиќ. Куманово е кошаркарски град и ние како управа ќе работиме на зајакнување на спортот и веќе наредната 2011/2012 година КК „Куманово„ ќе биде шампион на македонската лига.

    Марјан Стошевски, спортски новинар

    Светскиот шампионат во Турција влегува во интересна завршница. Досегашниот тек на шампионатот наметна три кандидати за светскиот трон. САД, Србија и домаќинот Турција, реално прикажаа најмногу, и овие три репрезентации на крајот ќе ги поделат медалите. Српскиот состав предводен од Ивковиќ демонстрираше модерна кошарка, Турција со Тањевиќ е опасен состав повеќе поради домашниот терен, додека Американците се енигма, иако според мене не се сигурни фаворити за златниот медал.

    Од играчите неколку поединци заслужуваат внимание. Од српскиот состав најдобар и најсигурен впечаток ми остави младиот Кешељ, кој прераснува во голем играч, Туркоглу чие искуство ќе биде многу важно за тимот на Тањевиќ во плуфиналето, и Скола од Аргентина чии игри заслужуваат респект. Има уште кошаркари кои покажааа свои моменти, но за тоа во друга прилика. Очекував Шпанија да застане во завршните натпревари, бидејќи составот е веќе истрошен и полека оваа генерација, која освои многу трофеи е на својот зенит. Недостасуваа двајца клучни кошаркари Пол Гасол и Калдерон, но и со нив Шпанија не беше голем фаворит за златниот медал.

    Од горе споменатата тројка најмногу покажа Србија. Оваа репрезентација во годините што доаѓааат ќе биде владател, исклучиво по заслуги на големиот тренер Ивковиќ.

    Со нетрпение ги очекуваме завршните натпревари, на кој ќе има големи возбудувања. Финале кое јас го очекувам е Србија - САД.

    Мартин Костовски, политичар

    Оваа светско првенство со својата неизвесност и изедначеност во квалитет на екипите претставува вистинско уживање за љубителите на овој спорт.

    Со оваа светско првенство уште еднаш се докажува дека квалитетот на репрезентативниот капацитет на земјите од Азија и Африка се искачи на значително солидно ниво, што значи парирање во играта на репрезентацијата на САД и репрезентациите од Европа. Навивачки гледано најдобра игра покажува репрезентацијата на Србија, предводена со кормиларот на клупата генијалецот Дуда Ивковиќ. Само за симплификација сакам да потенцирам дека екипата на Србија ја сочинуваат најмлади играчи кои никогаш досега не настапиле на светско првенство оваа им е првпат, освен Коста Перовиќ кој има играно на минатото првенство. Најдобра утакмица која можам да ја издвојам е утакмицата Србија против Хрватска, која беше неизвесна до самиот крај. Со таква неизвесност беше и вчерашната утакмица Србија против Шпанија, која исто така се разреши во последниите секунди со тројката на според мене најдобриот играч на оваа првенство Теодосиќ од Србија. Моја желба е да ја гледам нашата репрезентација на вакво големо натпрварување, и искрено се надеван дека тоа ќе се случи во блиска иднина.

    Иван Стоиљковиќ, пратеник

    Бидејќи израснав во Соколана во времето кога кошарката во Куманово беше многу популарна, а покрај тоа и играв во младинските екипи на КК „Куманово“ нормално е да ја следам кошарката како мој омилен спорт.

    На оваа светско првенство се издвоија 4 екипи и тоа: САД, Шпанија која е на залез од натпреварувачкиот максимум, Србија И Аргентина. Не треба посебно да потенцирам дека Србија отсекогаш била и останала мој фаворит, дури и кога губела. Очекувам враќање на голема врата на српската кошарка на оваа светско првенство и нормално златен медал.

    Досега дефинитивно најдобар беше натпреварот помеѓу Србија- Шпанија, а се надевам дека во финале ќе играат Србија и Аргентина. И покрај тоа што Србија е мој фаворит, сепак морам да кажам дека тие се покажаа и над моите очекувања и пријатно сум изненаден од тоа што досега го покажаа. Наспроти нив ме разочараа Шпанците, бидејќи очекував дека ќе дадат повеќе. Без оглед на осцилациите во играта дефинитивно нова светска звезда е Милош Теодосиќ и Скола од Аргентина.

    Што се однесува до кошарката кај нас, во моментот ја имаме најдобрата македонска селекција на сите времиња. Ако се продолжи со вложувањата во спортот и се поправи економската состојба во државата, тогаш може да очекуваме настап на нашата селекција на Светско првенство. Дополнителна можност може да бидат и промените кои се најавуваат во однос на бројот на учесниците на идното првенство.