×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Србија оштетена во 50 ситуации во мечот со Турција

    15.09.2010 12:50 | KumanovoNews

    Селекторот на репрезентацијата на Србија, Душан Ивковиќ ден после враќањето од Светското првенство, уште еднаш дава свое видување на натпреварот со Турција.

    Србија оштетена во 50 ситуации во мечот со Турција

    После снимката која се појави вчера, а на која јасно се види како Керим Тунчери на почетокот на продорот од кој го постигна последниот кош во полуфиналниот натпревар, по приемот на топката со левата нога ја гази аут линијата. Покрај тоа, арбитрот Карион од Порторико, во моментот кога Тунчери прави престап стои на неколку метри од местото на настанот и има потполен преглед на ситуацијата, но не реагира, што на снимката јасно се види - изјави Ивковиќ.

    Тој потенцира дека недосудениот аут е една од низата грешки кои и направија штета на Србија во текот на натпреварот.

    Нашиот стручен штаб направи скаутинг материјал на кој се наоѓаат точно 50 ситуации од полуфиналниот меч во кои нашиот тим директно е оштетен. Овој материјал ќе биде доставен до ФИБА, а потоа и јавно покажан - додава Ивковиќ.

    Селекторот на Србија нагласува дека судијата е и „награден“ поради ваквата грешка, судејки го утрешниот натпревар помеѓу Шпанија и Аргентина.

    ФИБА сеуште се нема огласено за целата ситуација. Никој во нашиот сојуз не добил извинување, објаснување за се што се случуваше, па сметам дека Котлеба и Бауман треба да си дадат неотповиклива оставка. Посебно интересно е тоа што овие челници на ФИБА седеа на места каде можеа да го видат престапот како и реакцијата односно нереакцијата на судиите - заклучува Ивковиќ