×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Столе Димитриевски потпиша за Удинезе

    30.08.2011 12:04 | KumanovoNews

    Седумнаесетгодишниот голман на Работнички Столе Димитриевски потпиша договор со италијанскиот прволигаш Удинезе.

    Столе Димитриевски потпиша за Удинезе

    Иако претходно се споменуваше дека ќе направи трансфер во грчки Олимпијакос, по одличните настапи во дресот на Работнички во Лига Европа ова лето, Димитриевски, сепак, се одлучи за прволигашот од Удине.

    Во изминатите два дена, тој заедно со спортскиот директор на Работнички Игор Ангеловски престојувал во Италија, каде што биле водени разговори околу неговиот трансфер во Удинезе.

    Голманот на Работнички е член на македонската репрезентација за играчи до 21 година. Тој е роден во Куманово, а во Удинезе ќе се пресели во декември, бидејќи тогаш ќе наполни 18 години, кога, според правилата, играчи надвор од ЕУ смеат да потпишуваат професионални договори со тимови од Италија.