×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Струмица забележа битна победа во Куманово

    11.12.2010 21:17 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово го забележаа деветтиот пораз оваа сезона. Во еден од најважните натпревари оваа сезона кумановчани загубија со 78:90. Овој резултат воопшто не е слика на тоа што се случуваше на натпреварот.

    Струмица забележа битна победа во Куманово

    Куманово првото полувреме играше најблаго речено - очајно. Лошите додавања, недоразбирањата на теренот, деветте грешки беа додатен мотив за струмичани кои ја „билдаа“ разликата од 15 во првата четвртина, а за на крајот на првото плувреме биде и огромни 35 поени разлика. Куманово во првото полувреме имаа само 21 поен, а постарите љубители на кошарката коментираа дека Куманово не играло така лошо ни во југословенската Прва Б лига.

    Во второто полувреме, Куманово како да имаше нови играчи, и играта беше сменета 100%. Почетните тројки на Матиќ, го враќаа во живот Куманово и полека ја топеше разликата. Проработе и Микиќ кој беше најефикасен во Куманово и постигна 25 поени. Забележителен настап имаше и Калов кој одигра 27 минути и постигна 11 поени и 7 скока.

    Разликата беше преголема, „будењето“ на Куманово беше задоцнето па разликата на крај беше 12 поени. Најефикасен во АБА Струмица беше Марио Хасанов со 29 поени.

    Следната сабота Куманово на домашен терен го пречекува тимот на Работнички од Скопје.