500x100-1
22. 01. 2010 15:20

Тевез: Невил е лигав и морон!

Тевез: Невил е лигав и морон!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Карлос Тевез рече дека неговиот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Гери Невил е „морон и лигав“! Тевез пред два дена постигна два гола и со тоа му донесе победа на Сити над Јунајтед, а погодоците ги прослави вртејќи се кон клупата на својот некогашен клуб.

Невил на тоа возврати со непристојна гестикулација по натпреварот.

„Мојата прослава за голот беше упатена на Гери Невил. Се покажа многу лигаво, кога за време на моето преминување од Јунајтед во Сити рече дека не вредам 25 милиони фунти. Тоа го направи само за да му се додворува на тренерот“ - рече Тевез за телевизијата ЕСПН.

Пред првиот натпревар во полуфиналето, Невил изјави дека Јунајтед добро направил кога му дозволил на Тевез да го напушти клубот.

„Навистина не знам, што тој морон порано зборувал за мене. Ја никогаш го немам ни спомнато. Не мислам дека начинот на кој ги славев головите е непримерен. Невил и јас сме биле соиграчи во тој период и јас немам кажано ништо лошо за него“- изјави Тевез.

Реваншот на утакмицата ќе се игра следната среда на стадионот на Манчстер Јунајтед. Тевез оваа сезона има одиграно 26 натпревари за Манчестер сити и постигнато 17 гола.

За две години во Манчестер јунајтед Аргентинецот имал 99 настапи и 34 погодоци.