500x100-1
17. 05. 2018 11:21

Трет „Стрит Воркаут“ натпревар во Куманово

Трет „Стрит Воркаут“ натпревар во Куманово

Во сабота ќе биде одржан третиот по ред меѓународен „Стрит Воркаут“ натпревар, кој е во организација на воркаут клубот Бар Гладијаторс.

Настанот започнува во 10 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад во Куманово. Учесниците ќе можат да се натпреваруваат во дисциплините слободен стил(freestyle), Руски згибови, згибови, пропаѓања, чучњеви, женска категорија склекови, и дисциплина која се воведува за прв пат на Балканот, One Rep Max.

На натпреварот ќе има натпреварувачи во машка и женска конкуренција од цела Македонија, соседна Србија, а веќе има најавени учесници дури и од Катар.

Од клубот ве покануваат да дојдете на Градскиот плоштад и со своето присуство да го збогатите овој Меѓународен турнир, а во исто време да уживате во акробациите и умешноста на пријавените натпреварувачи.