500x100-1
23. 06. 2018 12:59

Турнир во мал фудбал „Видовден 2018“

Турнир во мал фудбал „Видовден 2018“

На терените на спортскиот центар „Кеј“, се одржува традиционалниот турнир во мал фудбал „Видовден 2018“.

Вечерва од 19 часот ќе се сретнат екипите на Пуфи и МБ.ком и во 20 часот  Гоств-транс и Победа.

На турнирот учествуваат 8 екипи, а почетокот го означи познатиот фудбалер и репрезантативец на Југославија, Вујадин Станојковиќ.

Турнирото го отвори Часлав Јовановиќ, претседател на Обединетата српска заедница во Куманово, кој е организатор на годинешниов турнир.

„Турнирот е дел од повеќето манифестации што ги организираме по повод одбележувањето на големиот датум во историјата на нашиот народ под името „Видовден во срце и сеќавање“, - рече на отворањеро Јовановиќ.

 Предходно на оваа спортска манифестација настапија играорците од КУД „Карпош“ од Старо Нагоричане.

Турнир во мал фудбал „Видовден 2018“