500x100-1
28. 03. 2019 08:59

Турнирот на РК Карпош добива меѓународен карактер

Турнирот на РК Карпош добива меѓународен карактер

Ракометниот клуб Карпош соопшти дека младинскиот турнир кој е во нивна организација добива меѓународен карактер.

Тренерот на тимот Миодраг Јовановски - Црни, изјави дека турнирот прави мини јубилеј од 5 години постоење и дека ќе биде одлично искуство за младите ракометари.

Започнавме со организација на јубилејниот петти турнир кој ќе биде доста посериозен во однос на предходните сезони. Во преговори сме со неколку екипи од соседството и најквалитетните домашни клубови, да направиме еден вистински празник на ракометот. Турнирот ќе се одржи кон крајот на мај или почетокот на месец јуни. Благодарност го Градоначалникот кој ќе помогне сето ова да се реализира и што не вклучи во програмата град на спортот - додаде Јовановски.