500x100-1
25. 09. 2018 12:39

Вело-М со извонредни резултати на трката „Трофеј Кале“ во Скопје

Вело-М со извонредни резултати на трката „Трофеј Кале“ во Скопје

Велосипедистите на Вело-М Термалифт остварија врвни резултати на велосипедската трка „Трофеј Кале“, која викендов се оддржа во Скопје.

Младата надеж на Вело-М Термалифт, Андреј Стојановски, убедливо ги победи своите конкуренти во кадетска конкуренција, додека Зоран Ристовски очекувано ги победи своите конкуренти во Мастерс категорија.

На трката присуствуваше и бугарска екипа Драг Софија, што придонесе за уште поголема возбуда и конкурентност.

Во сениорска конкуренција првото место го зема Денис Добрев од Бугарија, додека нашиот велосипедист Кирил Марковски успеа да се избори за 3. место.

Велосипедистите свртеа по 7, 12 и 15 кругови околу калето зависно од категорија.

- Иако најдобриот велосипедист на Вело-М Термалифт Никола Лефков е повреден, ние уште еднаш докажавме дека имаме квалитетни возачи и повторно доминиравме на самата трка. Ова е и предпоследна трка за Ранг Листа каде што Вело-М Термалифт го држи првото место и очекуваме така и да остане до крајот на годината“ -изјави Марјан Петровски, директор на Вело-М.