500x100-1
18. 10. 2019 08:26

Викендов „дерби“ помеѓу ракометарките на Куманово и Чаир

Викендов „дерби“ помеѓу ракометарките на Куманово и Чаир

 Во спортската сала „Перо Наков“ во сабота 18:30 часот, кумановските ракометарки, во рамките на Женската лига ќе играат против екипата на Чаир.

Овој натпревар се очекува да биде „дерби“ со оглед на тоа што станува збор за две екипи кои до сега немаат забележано пораз.

Сепак, од клубот велат, дека подготвеноста на кумановските ракометарки е високо ниво и дека очекуваат победа.

Во петходните натпревари нашите ракометарки успеаја да донесат убедлива победа, против екипата на Кузман Вардар Илинден со разлика од 25 гола, против екипата на Пелистер со 19 гола разлика, а против Стружанка со 14 гола разлика.

Следниот натпревар, на 26-ти октомври, ЖРК Куманово ќе го игра против екипата на ЖРК Ѓорче Петров.