×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЖРК Куманово го победи Паок од Грција во вториот пријателски натпревар

    09.09.2019 16:45 | KumanovoNews

    Женскиот рекометен клуб Куманово викендов, во спортската сала на „Перо Наков“, го победи Паок од Грција на вториот пријателски натпревар.

    ЖРК Куманово го победи Паок од Грција во вториот пријателски натпревар

    Ракометарките на ЖРК Куманово извојуваа победа со резултат од 27:24.  

    Постигнати голови на ЖРК Куманово: Чокели 5 гола, Јанкуловска 4 гола, Боризовска 4 гола, Кипријановска 3 гола, Глигоријадис 3гола, Ивановска 2 гола, Шарановиќ 2 гола, Трајковиќ 2 гола, Пецанова 1 гол, Марковиќ 1 гол.

    „Одличен натпревар на двете пријателски екипи и победа на нашиот тим во вториот пријателски натпревар со екипата на Паок. Во изедначен, брз и динамичен натпревар нашиот тим дојде до победа со одлична игра посебно во второто полувреме, каде започнавме со 2 гола негатива, но нашите девојки има одличен настап и направија комплетен пресврт, покажаа карактер тимска игра и желба за надигрување“, соопштуваат од клубот на ЖРК Куманово.

    Со оваа победа кумановските ракометарки го завршија последниот тест пред натпреварите во ЕКФ купот и домашното првенство.