30. 07. 2018 13:15

ЖРК Куманово потпиша две засилувања за новата сезона

ЖРК Куманово потпиша две засилувања за новата сезона

Сања Дабевска и Диана Димова се новите ракометарки на ЖРК Куманово со што тимот ги потврдува зголемените амбиции во новата сезона.

Дабевска е родена во Гостивар, има 22 години и игра на позицијата пикер. Таа се репрезентативка на Македонија а во својата кариера настапувала за Металург и Пелистер. Диана Димова исто така 22 годишна ракометарка игра на позицијата лев бек, и родена е во Свети Николе а освен настапот во Металург, минатата сезона играше за Деспина од Прилеп.

Зоран Јосимовски останува тренер на тимот, а на физичката подготовка ќе работи и Филип Колевски од атлетскиот клуб Куманово. Подготовките започнуваат во текот на оваа недела, а во тимот остануваат сите ракометарки кои играа минатата сезона.

Од клубот не ги кријат зголемените амбиции за престојната сезона, а тимот би требало да го засили уште еден голман.

Куманово и оваа сезона ќе настапува во Челенџ Купот, а по ждребката која се одржа минатата недела, за противник ја добија екипата на Геониус од Холандија. Доколку започне реновирањето на Спортската сала Куманово двата натпревара ќе ги игра во Холандија, но доголку почетокот на реновирањето се одолжи ЖРК Куманово на 11 октомври ќе биде домаќин во првиот натпревар.