500x100-1
04. 10. 2019 12:32

ЖРК Куманово во третото коло против екипата на Кузман Вардар Илинден

ЖРК Куманово во третото коло против екипата на Кузман Вардар Илинден

Ракометарките на Куманово, утре (сабота), во рамки од третото коло од домашната лига,  ќе играат на гостински терен против екипата на ЖРК Кузман Вардар Илинден.

„Куманово е фаворит на овој натпревар и се очекува убедлива победа“,- велат од ЖРК Куманово.

Во првиот натпревар ЖРК Куманово играше против екипата на Деспина, каде постигна победа со 9 гола разлика, со резултат 22:31, додека пак во второто коло играше против ракометарките на Стружанка, каде постигна убедлива победа со резултат од 36:22.