×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 1000 евра казна за нерасчистен снег пред фирмите и дуќаните

    10.01.2019 17:28 | KumanovoNews

    Казна од 1000 евра ќе платат сопствениците на правни субјекти, кои во најкратотк рок не го исчистат снегот од јавните површини пред фирмите и дуќаните.

    1000 евра казна за нерасчистен снег пред фирмите и дуќаните

    Комуналните инспектори и редари од Општина Куманово, утринава излегле на терен и ги посетиле сопственците на правните субјекти во поширокиот регион на централното градско подрачје, при што им врачиле опомени во кои се наведени нивните обврски.

     По член 22 од Законот за јавна чистота во зимски услови, сите сопственици, односно корисници на јавни објекти најмалку 6 часа од почетокот на снежните врнежи се должи, да започнат со чистење на снегот на отворен простор, пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектот. Во спротивно казната е 1000 евра во денарска противвредност, - информираат од Секторот за инспекциски надзор.

    Комуналните инспектори утре ќе извршат проверка дали е испочитувана законската обврска, а оние кои се оглушиле на повикот ќе добијат прекршочна казна.

    Од Комуналната инаспекција велат дека граѓаните и сопствениците на фирми, главно ја почитуваат обврската и навремено го чистат снегот од пред колективните и индивидуални објекти и стамбени згради. Минатата година не била изречена ниту една казна.