×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 11 Октомври 2018 е дел од востанието на нашата генерација, порача премиерот Заев

    11.10.2018 12:36 | KumanovoNews

      На Спомен костурницата на паднати борци во НОБ во Куманово, денеска се одржа централната прослава на „11 Октомври“, во присуство на делегации од Сојузот на борците, Владата, Собранието, Претседателот, АРМ, МВР, локални самоуправи, голем број на политичари, амбасадори, гости од општествениот и политичкиот живот во државата и граѓани.

    11 Октомври 2018 е дел од востанието на нашата генерација, порача премиерот Заев

    Пред присутните говореше премиерот Зоран Заев, кој потсети дека празниците се моменти кога секоја генерација треба да се запраша како да направи чекор повеќе во освојување на слободата и како да го зачува она што го наследила од предците.

    „11 Октомври“ 2018 е дел од востанието на нашата генерација. Ова е востание на гласот, со којшто ќе ја осигураме иднината на слободна независна, европска и просперитетна Македонија. Тој граѓански глас ги повика институциите да ја овозможат евроската и евроатланската иднина на сегашните и идните генерации во Македонија. Сега е редот на гласот на народните избраници во Собранието, кои се исправени пред историската одлука за иднината на Македонија, за сите нас. Пред 77 години борците од НОБ почнаа борба за иднината, а нашата генерација денес ја има таа чест да се избори за европската иднина во Република Македонија, - рече во своето обраќање Заев.

    Премиерот смета дека секоја генерација е должна да ги проширува видиците, а секој граѓанин да реагира тогаш, кога некој го блокира и го оневозможува развојот на државата.

    - Таа генерација наши предходници ја грабнаа историската шанса, за да го остварат вековниот сон, своја држава. Држава на македонскиот народ и сите граѓани што живееат во Македонија. Борците од НОБ ја дарија новата држава на идните грнерации да ја чуваат негуваат и развиваат, а на светот во светската културна ризница му ги подарија безвременските скапоцености на нашата културна историја и традиција, - додаде Заев.

    Ова е време кога нашата генерација е исправена пред избор, што ќе ја одреди иднината на државата и на генерациите што доаѓаат, рече премиерот.

    - Сега е време на нашите деца и на идните генерации да им дадеме доволно причини да си го видат своето сопствено место во домот Република Македонија. Нашата мисија денеска е исполнување на нашите стратешки цели, кои ја овозможуваат реализацијата на сите приоритети.Сега е време да им покажеме на последните скептици дека Република Македонија е новата звезда во европското соѕвездие, дека го заслужуваме тоа место, - истакна премиерот Заев.