×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 12 јуни - Светски ден против злоупотреба на детскиот труд

    12.06.2010 12:53 | KumanovoNews

    Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија,  по повод 12 јуни Светскиот  ден против злоупотребата на детскиот труд потсетува дека  и покрај тоа што поминаа 8 години откако стапи на сила Конвенцијата бр. 182 на Меѓународната Организација на трудот (МОТ) за најлошите форми на детскиот труд во Република Македонија состојбата со злоупотреба на детскиот труд и понатаму е алармантна.

    12 јуни - Светски ден против злоупотреба на детскиот труд

    Иако во Република Македонија основното и средното образование се задолжителни за сите граѓани, сепак над 18.500 деца не се вклучени во редовниот системот на образование, а најмалку 2000 деца го поминуваат своето детство на улица, живеејќи под ведро небо и без родителска грижа. Најчесто овие деца се и жртви на злоупотреба на најлошите форми детскиот труд.

    Според најновите проценки во светот 72 милиони деца не се вклучени во основно училиште, а 71 милион деца од  средношколска возраст не се запишани во училиште. Покрај тоа многу и од запишаните ученици не присуствуваат на редовна настава.

    Во светот има приближно 246 милиони деца, на возраст од 5-17 години чии труд се злоупотребува. Од таа бројка околу 186 милиони се деца под 15 години. Поразувачки е фактот дека мнозинството, односно 110 милиони се деца под 12 години кои работат со полно работно време и најчесто во лоши  работни услови.

    Злоупотребата на детскиот труд подразбира работа на деца кои се под возраста одредена со закон. Но напоменуваме дека, злоупотреба на детски труд не значи само физичка работа, туку и комерцијална и сексуална злоупотреба (детска проституција и порнографија), трговија со деца, деца војници.

    За да се постигне елиминирање на сите форми на злоупотрерба на детскиот труд потребни се големи напори и посветеност во делот на редуцирање на сиромаштијата, подобра социјалната заштита и вклучување на сите деца во образовниот процес.

    Детскиот труд е тесно  поврзан со сиромаштијата. Некои од сиромашните семејства неможат да си дозволат директни или индиректни трошоци за образување на децата. Справувањето со ваквиот вид на семејна сиромаштија е централен дел од стратегијата за справување со детскиот труд. Владите исто така треба да спроведат стратегии за социјална заштита кои ќе им помагаат на сиромашните семејства.

    Борбата против детскиот труд е тесно поврзана и со вклучување на децата во образование. Затоа државата треба да ги вклучи сите деца во образовниот процес. Воедно треба да спроведува и програми за образование на возрасните кои од различни причини не биле вклучени во редовниот образовен процес.

    Светскиот ден за борба против детскиот труд има за цел да промовира свест и делување за справување со детскиот труд. Поддршката за овој светски ден расте секоја година. Во 2010 ние се надеваме на Светски ден кој ќе биде широко подржан од страна на Владите, организациите на работниците и работодавачите и сите оние кои ги засега проблемот во справување на искористувањето на детскиот труд.

    Чекори  кои се потребни да се преземат за да се искорени злоупотребата на детскиот труд се:

    Нагласуваме дека Конвенцијата за правата на детето и Конвенцијата за најлошите форми на детскиот труд  ја обврзуваат Република Македонија да ги заштити децата од сите облици на насилство, злоупотреба и запоставување од страна на нивните родители или било кој друг што се грижи за нив. Државата треба да ги заштити децата од работа која е опасна или која може да им наштети на нивното здравје.(член 19, 32 и 36 од Конвенцијата за правата на детето). Децата воедно имаат право и на достоинствен живот и бесплатно образование. (член 27, 28 од Конвенцијата за правата на детето). Исто така, членот 1 од Конвецнијата за забрана на најлошите форми на детски труд ја обврзува Република Македонија да преземе итни и корисни мерки за да обезбеди забрана и елиминирање на најлошите форми на детски труд. Во членот 3 од оваа Конвенција се наведува точно дека најлоши форми на детскиот труд се однесува на сите видови на ропство, продавањето и трговијата со деца, присилна и принудна работа, употреба, посредување или понуда на дете за проституција, за производство на порнографија; употреба, посредување или понуда на дете за противзаконска дејност, посебно за производство и трговија со дрога; работа која по својата природа или околности во кои е извршена штети на здравјето, сигурноста и моралот на децата.