×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 24.509 денари просечна плата за мај

    21.07.2018 12:07 | KumanovoNews

    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај годинава изнесувала 24.509 денари, и е за 7,1 отсто повисока од мај 2017, соопшти Државниот завод за статистика.

    24.509 денари просечна плата за мај

     Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ (23,1 отсто), „финансиски дејности и дејности на осигурување“ (17,4 отсто) и „информации и комуникации“ (15,3 отсто).

    Зголемување во однос на претходниот месец е регистрирано во секторите: „финансиски дејности и дејности на осигурување“ (19,2 отсто), „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ (13,9 отсто) и „преработувачка индустрија“ (3,1 отсто).

    Просечната месечна бруто-плата, пак, во мај 2018 изнесувала 35 983 денари.