×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 50.000 евра за приоритетни проекти на граѓаните

    10.06.2019 14:50 | KumanovoNews

    Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), обезбеди 50.000 евра за финсирање на проекти кои ќе ги изберат граѓаните.

    50.000 евра за приоритетни проекти на граѓаните

    Идеите за идните проекти можат да ги предложат на форумите на заедниците, коишто во наредниот период ќе ги организира Општина Куманово. Целта на проектот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво, како и решавање на проблеми кои се од приоритет на граѓаните.

    Првата од петте сесии ќе се оддржи утре во 10 часот, во Занаетчискиот дом  Куманово, а ја организира Советот на Општина Куманово.

     Ги покануваме сите граѓани, членови на невладините организации, бизнис секторот и поединци утре да присуствуваат на првиот проектен форум од компонентата „Форуми на заедниците“. Учесниците ќе имаат можност сами да предлагаат идеи, да развиваат и изработат конкретни проекти и да одлучат, кој од тие, најмногу три проекти,  ќе бидат приоритетни за финсирање од оваа проектна линија,  - изјави Атина Мургашанска, претседатека на Советот, со дел од координаторите на советничките групи.

    Проектот „Зајакнување на општинските совети“ содржи три компоненти. Првата компонента се однесува на зајакнување и развивање на капацитетите на советниците, втората компонента е зајакнување преку мали грантови за приоритетни мерки на општините и третата компонента е вмрежување со останатите совети на општините од земјава и надвор од неа.

     За сите учесници кои планираат да се вклучат во работата на форумите, една препорака, кога предлагаат идеи да имаат во предвид дека присутните експерти кои ќе им помагаат во развивањето на овие идеи најмногу ќе ги вреднуваат проектите кои ќе содржат елементи на вмрежување меѓу граѓаните и организациите, вклучување на маргинализаирани групи, обезбедување на еднакви можности за жените, родова еднаквост, придонес кон поголем социјален импакт и да имаме мерливи, практични и видливи резултати, - посочи Мургашанска.  

    Резултатите од најдобрите проекти ќе се промовираат на почетокот на 2020 година.  Преку третата компонента Советот на Општина Куманово ќе добие дополнителни 12.000 евра за зајакнување на техничкиот капацитет на Советот.

    Проктот се спроведува во соработка со УНДП.