×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 8 милиони евра од Светска банка за капитални проекти во општините

    19.09.2018 11:38 | KumanovoNews

    Министерството за финансии во петокот распиша јавен оглас на кој општините ќе можат да аплицираат за пари во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги, кој го спроведува Светска банка.

    8 милиони евра од Светска банка за капитални проекти во општините

    Во оваа транша за нови капитални инвестиции одобрени се 8 милиони евра.

    Од Министерството за финансии велат дека општините ќе може да аплицираат за изградба и реконструкција на систем за водоснабдување, канализација и одведување отпадни води, локална патна инфраструктура, енергетска ефикасност, изградба на детски градинки, зелени пазари и инфраструктура во индустриски зони.

    Само преку овој проект од јуни лани до јуни годинава реализирани се 72 капитални проекта во 41 општина.

    „Проектот за подобрување на општинските услуги го спрoведува Министерството за финансии. Тој е поддржан од Светска банка со вкупен фонд од 81,1 милион евра и ИПА грант средства за рурален развој од ЕУ во износ од 14,6 милиони евра. Целта на проектот покрај подобрување на општинските услуги е и зајакнување на капацитетите на општинската администрација за имплементирање на проектите“, велат од Министерството за финансии.