×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 800 средношколци се запишале во прва година во првиот уписен рок

    21.06.2018 11:00 | KumanovoNews

    Од пријавените 1120 кандидати 789 ученици се запишале во првиот уписен рок во средните општински училишта за учебната 2018/2019 година.

    800 средношколци се запишале во прва година во првиот уписен рок

    Од секторот за образование при општина Куманово информираат дека и оваа година најголем интерес имало за гимназиското образование, а зад него следуваат медицинските насоки, како и насоката за информатичка технологија.

    „Новитет оваа година е воведувањето на спортска академија како посебна насока, која е во состав на СОУ „Перо Наков“, за која беше покажан интерес. Во оваа насока запишани се 15 ученика и очекуваме бројот во вториот уписен рок да се зголеми“ – вели Жико Крстевски, раководител на секторот за образование при општина Куманово.

    Во последните години забележан е зголемен интерес за пријавување на кандидати во насоката за козметички техничар, како и намален интерес за насоката за техничари во фармерското производство.

    Од надлежниот сектор посочуваат, дека вториот уписен рок ќе се одвива кон крајот на месец август.

    Во Куманово во средните училишта има 2500 слободни места.

    (С.Т.)