×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Агино село и Брзак со сериозни инфраструктурни проблеми

    21.10.2010 15:14 | KumanovoNews

     Жителите од двете месната заедници се пожалија дека со години живеат со нерешени и инфраструктурни проблеми и без простории за потребите на месните заедници.

    Агино село и Брзак со сериозни инфраструктурни проблеми

     Комисијата за месна самоупрва од Општината Куманово денска беше во посета на месните заедници Романовце, Агино село и Брзак. Жителите од двете месната заедници се пожалија дека со години живеат со нерешени и инфраструктурни проблеми и без простории за потребите на месната заедница.

    Агино Село има доста нерешени проблеми, дел од нив ги имаме решено сами со наши средства.Години наназад никој од надлежните нема вложено ниту денар во овој регион. Приоритетни се двата пата кои поминуваат низ селото, односно до црквата и гробиштата. Истотака немаме канализација за која слушнавме дека ќе биде решена со мини-пречистелните станици. Нашата месна заедница е доста активна , меѓутоа никако нашите проблеми да дојдат на ред за решавање- вели Стојанче Петровски, претседател на месната заедница Агино Село.

    Жителите од селото Брзак се уште во понезавидна положба таму нема  неме водовод, пат ни улично осветлување.

     Од Комисијата за месна самоупрва велат дека со овие посети ги лоцираат основните проблеми на месните заедници, посебно во руралните средини.

    Комисијата е формирана пред 2 години и нејзината функција е да ги обедини и да им помогне на месните заедници да фукционираат самостојно и да истапуваат пред локалните органи.Ние решивме да направиме теренска обиколка низ месните заеници и со оваа првичната активност намерата е да се воспостави линк помеѓу комисијата и месните заедници за заедничко делување. Регистриравме дека одредени месни заедници немаат раководство, други немаат простории, некои пак практично не фукционираат. Сите овие проблеми ќе се трудиме заеднички да ги решиме и практично да заживеат месните заедници во Општината-изјави претседателот на Комисијата Зоран Колевски.

    Инаку двете села се наоѓаат на патот кон Скопје. Агино село има над 1000 жители, а Брзак околу 180 жители.