×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Академскиот сликар Арсовски со изложба во Белград

    14.02.2019 10:40 | KumanovoNews

    Академскиот сликар Зоран Арсовски - Бабата од Куманово е првиот македонски ликовен уметник кој ќе има своја самостојна изложба во престижната галерија "Белградска тврдина" на Калемегдан во Белград.

    Академскиот сликар Арсовски со изложба во Белград

    Изложбата ќе трае од 22 август до 10 септември годинава. На изложбата ќе бидат претставени четириесетина дела работени во техниките масло и акрил. Изложбата го носи насловот "Тектонски пореметувања" тема која е актуелна за денешното време.

    Проектот е избран од страна на стручниот уметничкиот совет на галеријата "Белградска тврдина" на годишен конкурс за 2019 година.  

    Зоран Арсовски - Бабата дипломираше и магистрираше на Националната ликовна академија во Софија насока сликарство. Зад себе има реализирано 7 самостојни изложби, учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти во земјава и странство.