×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Акција за чистење на речните корита во Куманово

    22.06.2018 10:05 | KumanovoNews

    Општина Куманово во соработка со невладините организации и јавните претпријатија организира акција за чистење на речните корита во градот.

    Акција за чистење на речните корита во Куманово

    Акцијата денеска започна од реката Којнарка во населбата Средорек, каде со багер се отстрануваа зараснатите дрвја и натрпаниот смет. Во наредниот период ќе продолжи и на други локации, поради нискиот водостој на реките.

    - Паралелно со акцијата за чистење ќе спроведеме и превентивно-едукативна  акција и на сите граѓани ќе поделиме флаери, со кои ќе побараме да ставиме крај на загадување на животната природа и да се избориме за почиста животна средина, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Тој апелираше до граѓаните да бидат одговорни и совесни за да направиме почисто и поубваво место за живеење, а особено тоа се однесуваше на семејствата кои се покрај реката.  

    - Сите кои ќе бидат фатени дека фрлаат шут и друг вид на отпад во речните корита и дивите депонии, ќе се соочат со казни од инспекциските служби. Од сега па натаму ќе постапуваме репресивно, а не превентивно, - додава градоначалникот.

    Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски, потврди дека се дел од проектот на Општина Куманово, во која ќе се чистат сите диви депонии, а се косат и средуваат сите јавните површини.

    - Како ќе се исчистат речните корита наши екипи ќе го соберат ѓубрето и работат на уредување на тие површини, - рече Стојчевски.

    Средствата за акцијата се дел од проекто за чистење на градот кој изнесува од 5 до 10 милиони денари, а градежните машини се донација од приватни компании.