×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ако не добиеме датум за преговори нема ништо драматично да се случи на безбедносен план, порача Пендаровски

    17.10.2019 12:20 | KumanovoNews

    Aко не добиеме датум за преговори нема ништо драматично да се случи на безбедносен план во државата, бидејќи тоа го гарантираат институциите, - изјави  претседателот Стево Пендаровски, по прославата на Денот на Здружената оперативна команда (ЗОК), во касарната „Боро Менков“ во Куманово.

    Ако не добиеме датум за преговори нема ништо драматично да се случи на безбедносен план, порача Пендаровски

    „Најголема потврда за ова што го зборувам е тоа што ратификацијата за нашето полноправно членство во НАТО одат со забрзана динамика, 24 од 29 земји, евентуалното техничкото одложуваме од страна на Шпанија може да го пролонгира тоа за некој месец, но ние дефинитивно стануваме полноправна земја членка на најсилната алијанса во историјата на светот. Од тој аспаект имаме дополнителна гаранција дека 29 други земји членки ќе ни асистираат ако биде потребно. Затоа од тој аспект граѓаните треба да бидат апсолутно спокојни“, - додава Пендаровски.

    Тој вели дека се прават последните дипломатски напори, Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, а значајно е да добиеме што порано датум за преговори, за да се навлезе во подлабоки реформи со асистенција на Брисел.

    „Работата не е завршена, денеска почнува заседанието на највисоко ниво, на шефови на држави и влади. Проширувањето е на дневен ред утре околу пладне. Јас немам сигурен став дека ќе биде ригидно одбиено нашето барање за отпочнување на пристапни преговори, затоа што Заев и минситерите Османи, Димитров и јас лобираме до последен момент да добиеме формаулација која што навистина ќе ги вреднува нашите напори во изминатиот период“,- изјави Пендаровски.

     Претседателот порача дека и доколку не добиеме датум за преговори, државата останува посветено да работи за влез во ЕУ.