×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Актерот Чоревски лауреат на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“

    31.08.2018 09:07 | KumanovoNews

    Истакнатиот македонски актер Благој Чоревски е годинашен добитник на единствената награда на меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, што јубилејно по десети пат ќе се одржи од 14 до 22 септември во Крива Паланка.

    Актерот Чоревски лауреат на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“

    Чоревски потекнува од актерско семејство, а Факултет за драмски уметности завршил во Софија,а работниот век го поминал во Драмскиот театар во Скопје и во текот на својата долгогодишна актерска кариера има остварено значајни улоги во многу драмски, телевизиски, филмски и радио проекти. Чоревски извршувал и одговорни општествени функции бил директор на Драмски театар – Скопје, заменик Министер за култура на Република Македонија и претседател на Советот на град Скопје.

    - Престижното признание „Св.Јоаким Осоговски“ за мене претставува голема чест од повеќе причини. Најпрвин поради фактот што го носи името на еден исклучително значаен светец во православието ширум светот кој бил познат и по своите исцелителни моќи, потоа заради огромното духовно и културно значење  на еден од најубавите манастири во Република Македонија и секако затоа што сум вклучен меѓу знаменитите досегашни добитници на оваа награда како што се Милица Стојанова, Мето Јовановски, Зафир Хаџиманов, Јордан Плевнеш, Јелена Жугиќ, Петар Темелковски, Шенка Колозова“ – истакна Благоја Чоревски по веста дека е добитник на наградата.  

    Наградата ќе му биде врачена со свечена пригода на 14 септември, на почетокот на Фестивалот.

    Инаку, годинава на Фестивалот ќе бидат изведени осум претстави со театри од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија, а во придружната програма ќе бидат промовирани неколку книги од областа на театарот и ќе бидат отворени неколку изложби на фотографија.