×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Акварелите на Васко Ташковски во Куманово

    02.05.2018 08:06 | KumanovoNews

     Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 20 часот ќе се отвори изложба на акварели на академикот Васко Ташковски.

    Акварелите на Васко Ташковски во Куманово

    Ќе бидат изложени 30-тина акварели работени во еден подолг временски период од 1991-2018.

    Васко Ташковски е роден на 31. август 1937 во село Нижополе, Битола. Средно уметничко училиште завршува во Скопје 1958. Дипломира на Академијата за применета уметност во Белград 1964. Покрај сликањето во маслена техника работи и акварел, цртежи и графика.

    Повремено работи и графички дизајн.

    Има реализирано 52 самостојни изложби а учествувал и на повеќе групни изложби во земјата и во странство.

    Добитник е на 18 награди и признанија. Снимени се 8 телевизиски филмови за неговото творештво.