×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Анѓушев: Владата ги поддржува работниците на ФЗЦ во остварување на законски гарантираните права

    19.07.2018 16:22 | KumanovoNews

    Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, денска  оствари средба со претставниците на синдикатот на компанијата ФЗЦ „11 Октомври“ Куманово, кои денес протестираа барајќи остварување на работничките права загарантирани со позитивните законски прописи.

    Анѓушев: Владата ги поддржува работниците на ФЗЦ во остварување на законски гарантираните права

    Вицепремиерот ги ислуша проблемите со кои се соочуваат работниците, пришто истакна дека Владата има потполно разбирање за нивното незадоволство поради непочитувањето на работничките права од страна на менаџментот на компанијата. Тој посочи дека компанијата е во приватна сопственост и Владата може да креира политики и да предлага закони, додека за непримена на законите одлучуваат судските инстанци.

    „Владата ги поддржува вработените во Фабриката за цевки „11 Октомври“ од Куманово, во остварувањето на нивните работнички права, во согласност со позитивните законски прописи кои важат во Република Македонија. За време на средбата посочивме кои се законските надлежности на Владата, бидејќи сите проблеми не може да бидат решени само со протест пред Владата. Побаравме трпение од работниците, и ќе ги охрабриме надлежните институции да го завршат својот дел од работата. Инспекторатот за труд веќе постапи во согласност со своите надлежности, а и сите останати институции ќе ја завршат својата обврска согласно законските прописи“, - посочи Анѓушев, соопштуваат од Владата.

    Вицепремиерот ги повика сопствениците на ФЗЦ „11 Октомври“ да покажат разбирање кон потребите на работниците и да ги почитуваат законите во делот на работничките права.