×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Антикорупциска поведе постапка против Oпштина Куманово

    07.05.2019 09:39 | KumanovoNews

    Антикорупциската комисија отвори постапка против Општина Куманово, поради тоа што ја отстапила кружната сала во зградата на т.н Комитет, за предизборни активности на кандидатот за претседател Стево Пендаровски. Приговорот бил поднесен од ВМРО - ДПМНЕ.

    Антикорупциска поведе постапка против Oпштина Куманово

    „Констатирано е дека се работи за објект - имот на Република Македонија и согласно тоа е прекршен членот 36, - велат од Државната комисија за спречување комисија.

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, се бранеше дека од 2006 година Општината го има имотот на користење, но не во владение, бидејќи сеуште се води судски спор околу сопственоста.

    „Салата во која е одржан состанокот, овластено лице од општината ниту има добиено термин, ниту има донесено одлука за да се одржи еден таков настан во таа сала“, изјави Димитриевски.

     Тој посочи дека простории во зградата користат и поголем број политички партии, помеѓу кои и ВМРО–ДПМНЕ и ДПСМ и ВМРО-НП и Либерално демократска  партија и ССМ и Здружение на борци и др.