×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • АРМ го одбележа формирањето на Трета МУБ

    26.02.2010 13:23 | KumanovoNews

     Во касарната "Христијан Тодоровски Карпош",Здружената оперативна команда и командата на Третата пешадиска бригада денеска ја одбележаа 66 годишнината од формирањето на Третата Македонска народноослободителна ударна бригада.

    АРМ го одбележа формирањето на Трета МУБ

     "АРМ ги продолжуваа традициите на славната Трета МУБ, која меѓу другото учествуваше во завршните операции за конечно ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор "- рече потполковник Владимир Бојмацалиев во свечениот говор.

     Пред присутните за борбените традиции говореше и претседателот на општинскиот Сојуз на борците, Спиро Зафировски, кој ги повтори  успесите на бригадата во НОБ.

     На свеченоста присуствуваа, преставници од ЗОК, од Здружението на борците и од локалната власт.