×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • АРМ славеше и во „Боро Менков“

    18.08.2010 14:46 | KumanovoNews

    По повод 18 годишно постоење, денеска во касарната „Боро Менков“ во Куманово свечено беше одбележан Денот на Армијата на Република Македонија.

    АРМ славеше и во „Боро Менков“

    На воената свеченост припадниците на првата механизирана пешадиска бригада го поздрави мајорот Драги Алексовски.

    Искажуваме голема почит кон херојското дело на нашите предходници борци родољуби, и патриоти за се што сториле во борбата за создавање на слободна и самостојна Р.Македонија и на АРМ. Загинатите борци во востанијата низ историјата во 2001 и до ден денеска не се само физички мртви ние не ги заборавивме нивните дела за нив сеуште сведочи денешниот собир, и бројните прослави на значајните историски настани датуми и јубилеи. Желбата за слободна и сопствена држава беше вековен идеал на секој вистински македонец но патот до слободата и до државноста беше тежок на голем број патриоти, борци и херои ги положија животите за остварување на истиот. Поради тоа тежнееме да изградиме мала но целосно обучена опремена и мобилна вооружена сила и за кратко време да станеме членка на НАТО и алијансата но и да го сочуваме народниот и мултиетничкиот карактер и рамноправната застапеност на сите етнички заедници кои живеат на територија на Р.Македонија - истакна полковникот Алексовски.

    На оваа свечена манифестација и предходеше положување на свежо цвеќе на спомен Костурницата од страна на претставниците на АРМ, на Локалната самоуправа, Боречката организација и група на граѓани и почитувачи на оваа традиција.