×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Асфалтираме по годишната програма на Советот, одговори Димитриевски на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

    25.04.2019 08:35 | KumanovoNews

    „Работам по годишна програма усвоена од Советот и немам намера да сопрам, туку дополнително ќе ги интензивирам активностите, не поради изборите туку поради реалните потреби на нашите сограѓани кои се заглавени до гуша од комунални проблеми во 21 век, одговори градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека за време на кампања асфалтира улици во градот.

    Асфалтираме по годишната програма на Советот, одговори Димитриевски на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

    „Мојата мисија е Куманово, мојот фаворит е Пендаровски а на крајот граѓаните ќе одлучат. Дадоа жолт картон во првиот круг, бидете сигурни дека ќе си го сметеме дворот. Пораката е примена и со оваа пирова победа. Но, Куманово повторно ќе победи како и секогаш, бидејќи вие освен да се сместите добро, од позиција на власт шајка не удривте во овој град, го гушевте и понижувавте, патевме, но издржавме, - стои во соопштението од Димитриевски.

     Градоначалникот смета дека не можат да се компарираат резултатите од локалните и парламентарни избори, бидејќи тоа би било исто како Мицкоски да се споредува со азилантот Груевски.