×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Авганистанци откриени во камион со портокали

    30.11.2010 09:39 | KumanovoNews

     На Граничниот премин Табановце – автопат на излез од државата царинските работници пронашле двајца Авганистанци сокриени во камион со портокали.

    Авганистанци откриени во камион со портокали

     Товарното моторно возило со бугарски регистарски ознаки го управувал македонски државјанин,кој превезувал портокали од  Грција за Унгарија.

     По пристигнување на граничниот премин, при спроведување на царинските формалности  возачот откако го исклучил клима-уредот слушнал тропање во ладилникот.

     Случајот го пријавил и при преглед во камионот биле пронајдени две лица – мигранти од Авганистан без патни исправи. По извршената идентификација било утврдено дека лицата имале листа за привремен престој и работа во Грција.

    Според изјавата на возачот, на 25 ноември  портокалите биле натоварени во Аргос, по што возилото преку граничниот премин Меџитлија, влегло во државата без да бидат воочени некакви неправилности.

     По завршувањето на сите формалности од страна на Царинската управа, лицата се предадени на службеници на Министерството за внатрешни работи за понатмошно постапување.