×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бадникова литија за првпат во Куманово

    06.01.2017 14:24 | KumanovoNews

    Бадникова поворка од четириесетина дечиња од градот, кои ја пееја коледарската песна „Вечниот Бог„ денеска прошетаа низ кумановските улици, најавувајќи го Христовото раѓање.

    Бадникова литија за првпат во Куманово

    Тие тргнаа од пред соборниот храм „Свети Никола“, ја посетија општината Куманово и прошетаа низ кумановските улици. Ваквото празнување на Бадник се организира за првпат во Куманово.

    Го посетивме градоначалникот кој ни врачи божиќни подароци и дечињата се многу среќни. Ќе посетиме и неколку семјства, неколку продавници и идејата беше да отидеме до општината Старо Нагоричане каде не чекаат други дечиња, но времето ни го расипа планот. Планираме ова да остане традиционала бадникова поворка и сите да се радуваме на Христовото раѓање. Ние на овој начин сакаме да му дадеме христијански елементи на Коледе, - вели Ружица Денковска, иницијатор на литијата.

    Градоначалникот со задоволство ги прими малите бадникари, им подели подароци и им го честиташе празникот.

    Прекрасна иницијатива на нашата епархија која негува традиции, кои се во согласност на Библијата. За разлика од индивидуалните обиди и обичаи кои не се усогласени, ове е еден многу убав начин заеднички да се најави Христовото раѓање„, - изјави Дамјановски.

    Појавувањето на бадниковата поворка на кумановските улици предизвикала големо внимание кај граѓаните, со тоа што луѓето прво биле зачудени, бидејќи незнаеле за што се работи, но подоцна со восхит ја подржале нивната идеја.

    Собраните средства, на иницијатива на децата, ќе бидат донирани на болно дете во Кратово.