500x100-1
01. 03. 2010 16:35

Бајрами: Шансите за азил во Белгија се сведени на нула

Бајрами: Шансите за азил во Белгија се сведени на нула

 - Масовното заминување на луѓето од Кумановско- липковски регион е под влијаните на лажни ветувања на некои индивидуалци кои гледаат да профитираат на нивниот грб.

 Го лажеа народот дека многу лесно се добива политички, односно економски азил во западно европските земји, поготово во Белгија. Категорично тврдам дека не е така. Ние минатата недела имавме средба со амбасадорот на Белгија во РМ. Тој не увери дека шансите за македонските граѓани да добијат економски азил се минимални, или поточно кажано тие се сведени на нула. Ние знаевме дека луѓето ќе почнат масовно да заминуваат во тие земји, поготово што повеќето од овој крај имаат роднини таму, меѓутоа претпоставувавме дека ќе одат кај нив на гости. Не сметавме, ни на крај на памет не ни беше дека истите ќе се одлучат на таков чекор да останат, ниту пак во најмала рака да бараат економски азил. Економската ситуација не е до таа мера тешка, луѓето масовно да ја напуштаат земјата и да бараат азил во некоја од западно европските земји.
Апелирам до граѓаните да не ги напуштаат нивните домови и да не се решаваат на таков чекор, бидејќи повторно ќе бидам вратени назад  - изјави министерот за труд и социјална политика Џељал Биљали, во врска со масовното селење на граѓаните од липковско.