×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бајруш доби пет години затвор

    25.03.2010 14:22 | KumanovoNews

    Бајруш Сејдиу е осуден на пет години затвор во Основниот суд во Скопје. Судот го прогласи Сејдиу за виновен за нелегално здружување.

    Бајруш доби пет години затвор

    Сејдиу и неговите соработници беа уапсени во 2008 година во акцијата „Пепел“, во кој учествуваа 300 полициски службеници. Беа запленети 15 тони тони цигари, девет возила, машини и опрема за пакување цигари, како и 17 полуавтоматски пушки, 10 пиштоли, една автоматска и една ловечка пушка и муниција од различен калибар.

    Богатството на Сејдиу беше проценето на неколку десетици милиони евра. Тутунски комбинат, фабрики, бензински пумпи, фудбалски клуб, се само дел од имотот на кумановскиот тутунски бос.

    Според полицијата, Сејдиу со неговите соработници од 2004 до 2008 година незаконски приватизирале три кумановски фирми и направила нелегален профит од шест милиони евра.