×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Балетската претстава „Либертанго“ во Куманово

    15.04.2019 16:15 | KumanovoNews

     Во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ утре во 20 часот ќе гостува балетската претстава „Либертанго“ на Астор Пјацола, а во изведба на ансамблот на Македонската опера и балет.

    Балетската претстава „Либертанго“ во Куманово

    Приказна за создавањето на патот на тангото, уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето.

    Кореографијата е на Сабрина Боско од Италија, режисерка е Наташа Поплавска, а сценографијата и костимографијата на Александар Ношпал.

    Ќе настапат 40 балетски уметници, меѓу кои првенците на балетот: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили од Грузија, како и истакнатите солисти Мими Поп Алексова-Атанасовска, Игор Веланоски, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Ендру Кук од Англија, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Марко Здравковски, Драган Кочоски и целиот балетски ансамбл на Македонската опера и балет.