500x100-1
09. 08. 2019 11:15

„Бегалка“ повторно во Кумановскиот театар

„Бегалка“ повторно во Кумановскиот театар

 Кон крајот на август ќе започнат подготовките за театарската претстава „Бегалка“ од Васил Иљовски, која премиерно ќе биде прикажана на годинешниве  „Денови на комедија“.

„Оваа година Куманово е прогласен за град на култура, па поради истата причина ние сакаме да ја возобновиме оваа драма. Јас ги сакам класичните дела кои го поминуваат тестот на времето, но секогаш пред да аплицираме со некое дело до Министерството за култура се консултираме со Советот составен од режисери, драматурзи, актери итн., - вели Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

„Бегалка“ е вистинска приказна за кумановските Ромео и Јулија. Приказна која со љубов се бори и ги победува предрасудите на закоравеното општество. Драма на мачниот живот кој само преку љубовната искра добива смисла, а трагичноста на животот ја претвора во „слатка мака“.

Оваа година Министерството за култура одобри средства за пет претстави, а исто така со свој буџет Центарот за култура успеа да направи и детска престава „Мала сирена“.