×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Бегалка“ премиерно на затворањето на Денови на комедија

    14.10.2019 13:15 | KumanovoNews

    Премиерно, пред кумановската публика, утре вечер во 20 часот во големата сала на Центарот за култура "Трајко Прокопиев“, ќе биде изведена претставата "Бегалка“, од Васил Иљовски, во режија на Ѓорѓи Ризевски.

    „Бегалка“ премиерно на затворањето на Денови на комедија

    Со оваа претстава ќе  бидат затворени годинешниве Деновите на комедија во Куманово.

    Режисерот Ѓорѓи Ристевски, вели дека драмата е работена според истата структура и "принципи" на текстот на Васил Иљоски, но на посовремен начин. Смета дека направиле претстава на која можат да бидат горди и публиката да ужива во неа.

    „Нашата "Бегалка" како тема не ја обработува само бегалката која бега затоа што не и` е остварена љубовта, туку затоа што бега и од едно цело општество. Мислам дека можеме да сме горди и да уживаме во неа. Нашата бегалка бега од еден систем кој и забранува да живее и да постои како што сака таа, а и тоа беше целата идеја: дека можеби од денешен аспект, треба да се занимаваме со тоа што го сакаме и да го оствариме тоа што го сакаме во нашиот живот и да успееме да живееме како што сакаме. Затоа што сепак еднаш се живее. А храброста којашто ја имаше бегалката да побегне, всушност треба да не' поттикне и нас да размислиме како би сакале и што би сакале да направиме во животот“,- рече режисерот Ристевски на денешната прес конференција.

    Тој, се заблагодари и на продуценскиот и на уметничкиот тим за соработката и додаде дека во оваа драма работел ким кој го сака и живее за театарот.

    Улогата на Бошко ја игра Марко Трајковиќ, а  Ленче Кумановче  младата актерка Владанка Димковска, која вели дека растела со приказната за Ленче и Бошко и токму затоа оваа улога како кумановка и е особено важна и значајна.

    „Ова беше многу убав процес, еден од поубавите во коишто сум учествувала, бидејќи навистина се живееше и се работеше театарот, во вистинска смисла на зборот со цела енергија и желба оваа претстава да ја проживееме на сцената. По малку и сум уплашена, бидејќи одговорноста е голема. Сепак, направивме една Бегалка која покажува дека на крајот доброто е најважното, дека љубовта е мотив и дека треба да се бориме за тоа што го сакаме, затоа што само така вреди да се живее“- рече и Димковска.

    И директорот на Центарот за култура Сашо Тодоровски е задоволен од она што го видел на пробите, и смета дека станува збор за една интересна и магична претстава која ќе се игра долго во театар Куманово.

    Во претставата ќе играат актерите: Тони Михајловски, Сања Русевска, Марко Трајковиќ,  Александра Михајловска, Нина Максимова, Антонио Димитриевски, Дубравка Киселички, Владо Дојчиноски, Жарко Јовановиќ, Мирослав Петковиќ и Љупчо Хаџи Стојанов.

    Претставата "Бегалка"  во Куманово се изведува по 30 години, а поради големата заинтересираност таа повторно ќе биде прикажана во петок.