×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Белгија е добар домаќин, но не дава економски азил

    12.03.2010 16:33 | KumanovoNews

    По две преспени ноќи на железничката станица во Брисел и уште десетина дена поминати во сместувалиште,  Тасим Весели не успеал да добие азил се врати во своето село Липково.

    Белгија е добар домаќин, но не дава економски азил

    Заедно со сопругата и четирите малолетни деца, со парите од продадените крави купил билети и тргнал кон ветенета замја. За своите права како странец се обратил во повеќе меѓународни организации  за мигранти, но никој не му помогнал  да добие економски азил и затоа решил да се врати назад.

    Кога стигнавме таму , немаше каде да преспиеме. Се додека не дојде еден човек од имигранската служба и не смести во еден хотел, каде имаше и други луѓе. Од организацијата ни дадоа да пополниме формулари, но тие беа за политички азил. Јас барав на економска основа, ми објаснија дека не ги исполнувам условите. Ни платија билети и ни дадоа пари за по пат и заедно со жената и децата се вративме дома - раскажува Тасим Весели .

    Тој вели дека  од туристичката агенција која ги однела во Брисел не им ветиле дека ќе им помогнат. Автобусот ги оставил до договорената дестинацијa, а потоа се снаоѓале сами .

    Купивме карти, не одвезоа и толку. Јас знаев дека сме препуштени сами на себе. Луѓето во Белгија беа добри не пречекаа како што налагаат нивните закони. Во мојот случај нема виновни, јас самиот сакав да си ја побарам среќата на Запад - додава Тасим.

    За патот во Белгија голем дел од жителите продале дел од имотот, земјоделска механизација, а жените и златото.Општината Липково преку невалдини организации и контакти со бизнисмените ќе им излезе во пресрет на оние кои останаа без средства за егзистенција за да можат нормално да го продолжат животот во родниот крај.

    Во наредните денови ќе ги посетиме семејствата и ќе се обидеме максимално да им помогнеме. Знаеме дека има и такви кои останаат без пари и без покуќнина - вели секретарот на Општината Неџат Османи.

    Општината нема прецизни податоци за тоа колку луѓе од овој регион заминале во Белгија да барат азил.

    Неофицијално се зборува дека околу 5000 лица во изминатите 2,5  месеци ја напушиле државата , од кои над 300 биле сместени во кампови и барале азил. Поголемиот број од нив се од липковските села.