×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Белгија не ги сака економските азиланти

    20.10.2010 15:58 | KumanovoNews

    Делегација од Белгија предводена од државниот секеретар за миграција и азил во кралството Белгија, Мелкиор Вателе денеска ја посети Општината и уште еднаш ја пренесе пораката  на граѓаните на Куманово дека за нив нема место за економски азил во неговата држава.

    Белгија не ги сака економските азиланти

    При тоа тој побара од градоначалникот и државата да превземат поконкретни мерки во спречување на оваа појава и да ги информираат граѓаните за последиците од непродуктивните патувања.

    Не наседнувајте на никакви туристички агенции и организации кои ви ветуваат азил, бидејќи не постои основа врз која можете да бидете признаени како бегалци на економска основа. Постои само можност да се вратите со фрустрации. Во Европската унија може да останете само три месеци и во тој период да патувате и посетувате, но немаат право на азил и работа - рече Мелкиор Вателе.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски вети дека локалната самоуправа во соработка со Владата и Министерството за труд и социјална политика ќе преземат се што е во нивна надлежност да се реши проблемот и да не се загрози визната либерализација на земјата.

    Во Куманово поголем број вработени во јавни претпријатија со трајни решенија дадоа отказ за да заминат во странство и да бидат економски азиланти. Во овие случаи не се работи за опстанок и борба за преживување, тука за барање на некои други позиции. Затоа ние сме спремни да го прифатиме промовирањето и информирање на сите граѓани да не го злоуптребуваат визниот режим и да не прават штета на државата. Апелирам до сите граѓани во регионот да не наседнуваат на луѓето кои ги мамат и ги водат во западно-европските земји со цел да имаат некаква финансиска корис. Со тоа само ќе го оштетат семејниот буџет бидејќи неможат да добијат азил- рече Дамјановски.

    Во последно време повторно се актуелизира заминувањето на цели семјства во Белгија. Овој пат во тоа предничат жителите од ромската заедница населби. Неофицијално околу 100 семејства од Македонија само во последниот месец побарале азил во западно-европските држави.