×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поскапуваат од 2,5 до 3 денари, дизелот 1,5 денар

    15.04.2019 15:27 | KumanovoNews

    Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 2,5 до 3 денари, а на дизелот за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

    Бензините поскапуваат од 2,5 до 3 денари, дизелот 1,5 денар

    За три денари од ноќеска на полноќ ќе биде повисока цената на Еуросупер 95 и ќе се продава по 71,5 денари за литар, додека цената на Еуросупер 98 се зголемува за 2,5 денари и ќе се продава по 73 денари за литар.

    Малопродажната цена на Еуродизелот се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 62,5 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 51 денар.

    Се зголемува малопродажната цена и на мазутот и ќе изнесува 34,45 денари за килограм.

    Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше70,422 долари за барел, додека курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 54,67 денари.