×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатни курсеви по странски јазик и компјутери за децата од социјални семејства

    05.09.2017 09:12 | KumanovoNews

    Деца и млади на возраст од 8 до 18 години од социјално-ранливите семејства можат да аплицираат за бесплатни курсеви по странски јазик и компјутери, кои ги организира Министертсвото за труд за социјална политика.

    Бесплатни курсеви по странски јазик и компјутери за децата од социјални семејства

    Огласот е до крајот на месецот, а курсевите ќе траат два месеци.

    „Сите заинтересирани лица корисници на социјална парична помош, посебен додаток, детски додаток, згрижувачи/старатели на деца без родители и родителска грижа, како и лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа да се пријават за користење на бесплатни курсеви по странски јазици и компјутерски вештини.Курсевите се наменети за деца од 8 до 18 годишна возраст, односно родени во периодот од 1999 година до 2009 година и за лицата над 18 годишна возраст кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа“, - изјави Александра Арсовска, директор во Центарот за социјални работи во Куманово.

    Услугата на МТСП за бесплатни курсеви за 2017 година опфаќа настава по англиски, јазик, германски јазик, француски јазик, италијански јазик, албански јазик и шпански јазик, како и компјутерски вештини – офис автоматизација и основи на работа со компјутери.

        Барањата се поднесуваат во Центарот за социјална работа Куманово, во одделението во Општина Липково и во одделенеието во Општина Старо Нагоричане, а рокот за пријавување е 01.10.2017 година.