×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатни курсеви за компјутери и странски јазици во „Визија“

    11.05.2018 08:30 | KumanovoNews

    Бесплатни курсеви за компјутери и странски јазици во образовниот центар „Визија“ се наменети за невработени лица кои се регистрирани во Агенција за вработување на Република Македонија (АВРМ).

    Бесплатни курсеви за компјутери и странски јазици во „Визија“

    Курсевите по странски јазици ќе се изведуваат на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски и германски).

    Од курсевите за компјутери ќе бидат опфатени: Word, Excel, PowerPoint, Access и Интернет.

    Невработените лица треба да побрзаат во Агенција за вработување и да се пријават, дури не е пополнет бројот. Се што треба да кажат во Агенцијата за вработување (Биро) е дека сакаат бесплатен курс во ВИЗИЈА за компјутери или странски јазици.

    Курсевите за компјутери ќе траат околу еден месец, а за странски јазици околу два и пол месеци. По завршување на еден курс за компјутери слушателите може да продолжат со друг.

    Почеток на курсевите ќе биде кон крајот на месец мај годинава.