×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Безбедносната состојба во Куманово поволна, тврди полицијата

    13.03.2019 12:18 | KumanovoNews

     Безбедносната состојба на територијата на Општина Куманово е поволна и задоволителна, истакна командирот на полициската станица Куманово, Игор Митевски на денешната седница на Советот на Општина Куманово, додека се разгледуваше Годишниот извештај за 2018 година на преземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово.

    Безбедносната состојба во Куманово поволна, тврди полицијата

    „Полициската станица согласно своите уставни и законски функции и надлежности на територијата на Општина Куманово во текот на 2018 година, преку својата работа  оставари и презеде опсежни мерки и активности за попречување, оневозможување и откривање на сите облици на криминалитет и други недозволени појави.Безбедносната состојба на територијата на Општина Куманово е поволна и задоволителна. Ова не е мое лично согледување, туку врз основа на показатели и параметри. Нарушувањето на јавниот ред и мир е во опаѓање, облиците на насилниот криминалитет се во значително намалување, и немаме оперативни сознанија коишто би покажале спротивно на мојата констатација дека безбедносната состојба е поволна. Ова е најбитниот дел од извештајот кој треба да ги засега граѓаните на Куманово, - изјави Игор Митевски, командир на ПС Куманово.