×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бездомници да се пријават во центрите за социјална работа и во Црвен крст

    12.12.2018 15:27 | KumanovoNews

    Граѓаните може да пријават бездомни лица во центрите за социјална работа и во Црвен крст, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Бездомници да се пријават во центрите за социјална работа и во Црвен крст

    Бројот за пријавување бездомни лица 15505 кој беше активиран во јануари 2017, веќе подолго време не е активен, велат од Министерството.

    „Во рамки на досегашните активности згрижени се 9 лица, од кои 8 деца во Струмица, а во Скопје има една дојава, но лицето одбива сместување“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Бездомни лица можат да се пријават во Скопје, Струга, Струмица и Битола.

    „Дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток во Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица, кои што беа отворени во Струга, Битола и Струмица“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Вакви активности беа преземени и во текот на зимата 2017/2018, кога околу 120 лица без сместени во објекти на установа за социјална заштита, со тоа што истите беа вклучени во пилот Програма за поддржано живеење. Целта на оваа програма, која нуди голем дел активности, е да го олесни процесот на социјална инклузија. Вкупно 15 семејства кои учествуваа во пилот програмата се преселија во времен престој во населбата во Визбегово.