×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Биенална изложба „Кумановски графичари 2018“

    07.12.2018 09:52 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена биеналната изложба на графики “Кумановски графичари 2018“.

    Биенална изложба „Кумановски графичари 2018“

    На изложбата учествуваат уметниците: Зоран Јакимовски, Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Наим Идризи, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Елеонора Накевска, Сандра Симоновска, Марио Стошевски и Дејвид Стоилковски.

      На осмото издание на биеналната изложба “Кумановски графичари 2018“ ќе бидат претставени 27 графики работени во повеќе графички техники во период од последните неколку години.

    Тринаесетте автори вклучени во овој проект се, сепак, на некој начин репрезент на моменталната состојба во локалното графичко творештво и даваат јасен пресек на нивото и во авторска и во техничка смисла. Во таа насока, вклученоста на автори од повеќе генерации говори дека нишката на континуитетот не е прекината, - напиша Роберт Цветковски,историчар на уметноста.

    Изложбата е поддржана од Министерството за култура.