×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бизнисмените најзаинтересирани за субвенции на опрема

    28.02.2019 18:52 | KumanovoNews

    Министерството за економија денеска пред кумановските бизнисмени ги претстави актуелните повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, женско претприемништво, занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, како и за идните програми кои ќе се спроведуваат преку министерството.

    Бизнисмените најзаинтересирани за субвенции на опрема

    „За првпат претставници од Министерствот се спуштаат меѓу граѓаните, фирмите, институциите да ја презентираат дел од програмата на министерството. Тука се мерките за малите и средните претпријатија, секторот индустрија, конкурентност и туризам. Она што е многу битно, што ги слушнавме мислењето на самите бизнисмени, и следната година ќе ги инкорпорираме нивните барања и ќе направиме подобри мерки и подобра програма, подобра стратегија и подобра политика за развој на бизнисот, - изјави  Зоран Павловски, државeн секретар во Министерството за економија.

    Бизнисмените најмногу се интересираа за мерката за мали и средни претпријатија за финансиска помош при купивање на алати и опрема. Со оваа мерка министерството субвенционира 60 отсто од вредноста на опремата до 300.000 денари.

    Пред присутните бизнисмени се обратија и градоначалникот Максим Димитриевски и директорот на  Центарот на североисточниот плански регион (СИПР) Младен Протиќ, кои истакнаа дека ќе создадат услови за развој на бизнисот и занаетчиството, заради подобрување на вкупната економска состојба во општината и регионот.